
Лондонскиот премиерлигаш Челзи планира сериозно да поразговара со белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку, откако ќе биде одигран финалниот натпревар во Лигата на шампиони. Искусниот напаѓач актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер, а пред неколку недели, генералниот менаџер на „нероазурите“, Џузепе Марота изјави дека Интер не планира да го откупи неговиот договор.