Стара и болна Јоко Оно, добро познатата сопруга на славниот Џон Ленон, го напушти центарот на Њујорк, сакајќи остатокот од животот да го помине во северниот дел од Големото Јаболко. Поточно, таа се пресели во квартот Френклин, место кое има само 340 жители. Живее во куќата што ја купија таа и Ленон во далечната 1978 година. Големата куќа има четири големи спални соби и две бањи. Пред куќата има голем, убав двор во кој, покрај цвеќе, одгледува и зеленчук. Сака да јаде само природни, непрскани домати, краставици, моркови, марули, ротквички и најмногу компири.
Легендата на „Битлси“ и јапонската дива ја купија таа фарма, пред сè, со цел да одгледуваат расни крави, кои ќе даваат здраво, природно млеко, бидејќи млекото од тетрапак од маркетите не го пиеја. Има дури 122 крави и 10 бика, за расплод.
–
Пред да се пресели, Јоко живееше на Менхетен, во ексклузивната зграда „Дакота“, веднаш до Централ парк, на 72. улица од западната страна. Таа зграда ќе остане запаметена и по тоа што во нејзина близина, во декември 1980 година, беше убиен нејзиниот маж, Ленон.
Инаку, сега здравствената состојба на Јоко е комплицирана и најмногу поради тоа сакаше да замине од градската џунгла и да ѝ се врати на природата. Познатата вдовица е врзана за инвалидска количка и се обидува да се излекува од тешката депресија. Затоа куќната помошничка има обврска секојдневно да ја шета неа по шест километри. Сега живее мирно, повлечено и далеку од медиумите.
Јоко сè уште се сеќава на еден убав настан, кој им го раскажува на пријателите. Во шеесеттите години, таа и Ленон испратија две дрвја до тогашниот југословенски претседател Тито. Таа потоа многу жалеше поради војната со која се распадна Југославија, а Тито – скоро заборавен. Вели дека едно од дрвјата на мирот сè уште постои некаде во поранешна Југославија и дека сигурно е старо над 54 години. Така ѝ било пренесено од нејзиниот син, Шон. foto>>>YT/FB