Јапонија, Јужна Кореја и пет други азиски и пацифички земји влегоа во Новата година во 16.00 часот по средноевропско време.
Поголемиот дел од населението на Јапонија ја дочека 2021 година во своите домови, а градоначалникот на Токио побара од граѓаните да ги прескокнат церемониите, и мнозинството ја почитуваше таа препорака.
– Коронавирусот не знае за годишни или новогодишни празници, рече градоначалникот.
Владата на Јужна Коерја забрани приватни собири за повеќе од пет лица и ги затвори ски-центрите и главните туристички дестинации до 3 јануари.
Новата година ја дочекаа и граѓаните на Северна Кореја, Источен Тимор …