Ѓоковиќ не може да дочека да го победи Надал на земја

79

Легендарниот шведски тенисер Матс Виландер, смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со нетрпение ја чека сезоната на земјена подлога и дека неговата цел е да го победи „кралот“  Шпанецот Рафаел Надал.

Српскиот тенисер во глемото финале на Австралија опен убедливо го победи Шпанецот во 6:3, 6:2, 6:3. Ѓоковиќ во овој меч играше совршен тенис, а на Виландер не му остана ништо друго освен да го пофали светдкиот рекет број еден.

  • Ќе биде интересно да се види дали двајцата можат да го задржат ова ниво на формата. Сега следува американската турнеја ( Мајами, Индијан Велс), нормално тука е и сезоната на земја – Ролан Гарос. Дали е ова година кога Новак ќе го осови турнирот во ПАриз и ќе го победи Надал?, запраш Виландер и продолжи:
  • Можам да се обложам дека Новак не може да дочека да почне сезоната на земја, мислам дека не може да дочека да има шанса да го победи Надал.

Шпанецот со параво го носи надимакот „крал на земјата“, бидејќи освои рекордни 11 титули на Ролан Гарос, а има и многу титули од турнирите во Монте Карло,  Барселона, Рим и Мадрид.

Отвореното тениско првенство на Франција се игра од 26 мај до 9 јуни.