Во текот на изминатата седмица бевме сведоци на пролет кога не му е сезона, снег нема ниту на повисоките планински предели, а камоли во поголемите градови.

Но, она што следи е дека зимата сепак ќе се врати во регионот, а ова е „мал одмор, пролетен распуст“. Метеоролозите велат дека се уште ќе има студени денови и снег на планините.

Според најновите ажурирања на нумеричките модели, силен удар на зимата, како и продор на поларна воздушна маса од Арктикот кон Балканот и Македонија се очекува од 20 февруари, па во деновите потоа, секако со ова очекуваме и снег, температурите би биле континуирано под нулата, а наутро тие понекаде би се спуштале и под -15 степени, пишува метео прогнозерот Славчо Попоски во најновата анализа на времето.

Секако после долг временски период, конечно еве една занимлива ситуација за следење за нас метеоролозите, а одлична вест за љубителите на зимата и за скијањето.

Секако шансите за ова да се оствари се помали од 50%, и тоа се додека не се вклопат со оваа информација сите нумерички модели, но еден од најажурните нумерички модели токму од вечерва започна да го црта ова зимско сценарио.

Се надеваме дека конечно оваа зима ќе си го покаже своето вистинско лице, пишува Попоски.