Секојдневното јадење на некои од предложените продукти треба да ги покрие вашите потреби за витамин Ц. Исхраната богата со витамин Ц е суштински чекор кон здравствени придобивки и превенција од болести

Марија СОКОЛОСКА

Витаминот Ц или аскорбинска киселина е витамин растворлив во вода. Човечкото тело не е во состојба да го синтетизира витаминот или да го складира во големи количини. Како резултат на тоа, кога се внесени дневните препорачани количини, секој вишок се излачува во урината. Витаминот Ц добро се апсорбира од храната што ја јадеме. Оваа апсорпција се јавува во тенкото црево.

Зошто ни е потребен витаминот Ц и кои се придобивките од него?

Витаминот Ц има многу важна улога во телото. Потребен е за раст и за да ги „поправи нарушувањата“, а има и „главна улога“ во поддршката на имунолошкиот систем. Исто така, има антиоксидансни својства, што значи дека се бори со слободните радикали, кои се деривати на кислородот и ги напаѓаат клетките на телото.

Витаминот Ц, исто така, е вклучен во синтезата на колагенот и на карнитинот и, исто така, ја зголемува гастроинтестиналната апсорпција на нехем железото. Студиите сугерираат дека витаминот Ц може да игра улога во способноста на телото да се справи со некои видови честички што предизвикуваат рак, а што може да се најдат во телото. Исто така, иако нема доволно докази, витаминот Ц помага во спречувањето и во намалувањето на времето на настинка.

Колку витамин Ц ни треба?

Дневните потреби за аскорбинска киселина се 40 мг на ден за возрасни, со одминување на бременоста – до 50 мг на ден во последниот триместар и во текот на лактацијата – до 70 мг на ден.

Треба да бидете во можност да го добиете целиот витамин Ц што ви треба преку секојдневната исхрана.

Кои се ефектите од премногу витамин Ц?

Тешко е да се внесува премногу витамин Ц, бидејќи вишокот се излачува во урината. Прекумерните количини може да се појават кога се земаат големи дози суплементи. Ако се внесува премногу витамин Ц, тоа може да предизвика стомачна болка, надуеност и дијареја.

Оние што се склони кон бубрежни камења (калциум оксалат), треба да внимаваат на земањето додатоци со витамин Ц во големи дози, бидејќи истражувањата сугерираат дека има зголемување на уринарната екскреција на оксалат за секои 1.000 мг консумирана аскорбинска киселина.

Која храна е добар извор на витамин Ц?

Овошјето и зеленчукот се најдобриот извор на витамин Ц и тие може да бидат свежи, замрзнати или конзервирани. Зелените и црвените пиперки, брокулата, кивито, портокалите, црните рибизли и јагодите се богати со витамин Ц, но го има и во многу други овошје и зеленчук. Тоа е уште една добра причина да јадете „виножито“!

Добар извор се и збогатените житарки за појадок. Содржината на витамин Ц во многу продукти може да се намали со продолжено складирање и со готвењем бидејќи аскорбинската киселина е растворлива во вода и се уништува со топлина. Подготвувањето на храната на пареа и микробрановата печка може да помогнат да се спречат загубите при готвењето.

Витаминот Ц е од суштинско значење за вашиот имунолошки систем, сврзното ткиво, срцето, крвните садови и за многу други важни функции во телото.

Недостигот од витамин Ц може да има негативни ефекти врз здравјето.

Цитрусното овошје е најпознат извор на витамин Ц, но и широк спектар други овошје и зеленчук се богати со овој витамин. Некои дури може да содржат повеќе витамин Ц.

Секојдневното јадење на некои од продуктите предложени погоре, треба да ги покрие вашите потреби за витамин Ц. Исхраната богата со витамин Ц е суштински чекор кон здравствени придобивки и превенција од болести.