Шефот на украинските разузнавачи за причината за смртта на Навални: „Можеби ќе ве разочарам, но…“

2139

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина од природна смрт од згрутчување на крвта, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов, а пренесе агенцијата УНИАН.

Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е помалку или повеќе потврдено. Тоа е она што го знаеме“, им рекол Буданов на новинарите, одговарајќи на прашањето знае ли разузнавачката служба на кој начин е убиен.

Тој рече дека оваа информација не е преземена од Интернет. Според него, станува збор за природна смрт, пренесува Хина.

Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат Кремљ за неговата смрт, што Москва го отфрла.

Телото на Навални и е предадено на неговата мајка, а датумот на погреб ќе биде одреден подоцна. Навални (47) почина во сибирски затвор на 16 февруари. Тој колабирал додека одел во дворот и починал и покрај обидите да го оживеат. Тој одлежуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.