Македонскиот тим фризери освои златен пехар на Интернационалниот Golden hair Festival што од 28 до 30 ноември се одржа во Анталија на кој имаше учесници од 30 држави. Шестмината „величенствени“ што ја претставуваа Македонија: Февзи Али, Ирена Стојковска, Саид Есад, Весна Предарска, Снажана Столевска и Катерина Несторовиќ, се презадоволни од настапот.
– Немам зборови што направивме за нашата Македонија. Со мај број луѓе дојдовме, но во сите категории се натпреварувавме. Им благодараме на нашите спонзори кои со нивните препарати безрезервно ни помогнаа да имаме потрошувачки материјали. Покажавме дека Македонија е мала држава, но може да даде се од себе да не има секаде. Секаде за Македонија – вели фризерот Февзи Али, кој во слободно време е еден од најголемите хуманитарци.
Јавност го запозна за време на корона пандемијата кога ја почна својата хуманитарна активност да им помага со храна, хигиенски средства и облека на најранливите наши сограѓани.
(С.Бл.)