Шалтерите на Водовод денеска и утре со изменето работно време

72

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги известува корисниците на услугите дека денеска шалтерите за наплата во дирекцијата на претпријатието ќе работат од 7.30 до 14 часот, а утре од 9 до 14 часот. 

Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Со редовни работни активности и редовно работно време се продолжува в петок на 1 декември.

-Оваа одлука е во согласност со заклучоците донесени на 199 седница на Владата, поради одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.