Чудо во зоолошката градина во Костарика: Случај на „девствено раѓање“ кај женка крокодил

3407

Во зоолошка градина во Костарика женка крокодил забременила самостојно што претставува прв случај на саморепродукција кај овој животински вид.

Осумнаесетгодишната женка го положила јајцето во јануари 2018 година во паркот Рептиланија, но и покрај тоа што фетусот бил однатре формиран во целост, роден е мртов, пренесува Би-Би-Си.

Животото во зоолошката градина пристигнало кгоа имало две години, и женката крокодил била одвоена од другите крокодили цел живот, поради што научниот тим експерти во паркот констатирал дека фетусот 99.99 отсто е генетиски идентичен на својата мајка, што потврдува дека нема татко.

Овој феномен е забележан досега кај некои видови птици, риви и други влекачи, но никогаш кај крокодили.

Научниците сметаат дека оваа особина најверојатно е наследена од еволуциски предок, со оглед на тоа што диносаурусите исто така биле способни за саморепродукција.

Нејасно е поради што „девственото раѓање“ во научните кругови познато како партеногенеза, се јавува кај различни видови, но во научната литература се повторува почесто веројатно затоа што сега научниците ја проучуваат таа појава, наведува Би-Би-Си.

Една научна теорија вели дека партеногенезата се јавува во случаи кога видот кој е способен за саморепродукција е на раб на изумирање.