Англискиот премиерлигаш Ливерпул и официјално потврди дека на крајот од актуелната сезона ја прекинува соработката со неколку фудбалери. Излезната врата од „Енфилд“ ќе му биде покажана на бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино, потоа на крилниот напаѓач Алекс Окслед Чембрлен, на ветеранот Џејмс Милнер и на искусниот играч за врска, Наби Кеита. Сите тие играчи ќе имаат статус на слободен фудбалер за време на летниот преоден рок.