Пазарот на здрава храна е преплавен со многу напитоци за слабеење. Повеќето од нив не се препорачливи и се штетни по нашето здравје.
Поради тоа, многу од оние кои мачат мака со вишокот на килограми, се вртат кон природните и домашно подготвени напитоци како смути со банана, кој може да ви ги топи масните наслаги, а се подготвува на многу едноставен начин.
Ќе бидете воодушевени од рецептот:
Состојки:
- 2 лажици мелено ленено семе
- 80 гр замрзнати боровинки
- 1 замрзната позрела банана
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 120 грама спанаќ (беби)
- мраз
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не ја добиете посакуваната густина на напитокот. Пијте го за појадок, или како меѓуоброк.