Црвен аларм на лет на „Рајанер“: Авион кој летал од Лондон кон Мароко принудно слетал откако му се слошило на пилотот

422

Авион на „Рајанер“  од Обединетото Кралство принудно слета откако на пилотот му се слоши.

Авионот летал за Мароко, но морал да се пренасочи кон аеродромот Фаро во португалскиот Алгарве, што предизвикало „црвен аларм“.

Пилотот пред слетувањето им рекол на патниците дека не се чувствува добро, пренесува португалскиот дневен весник Correjo de Manha. Не е јасно дали капетанот го приземјил авионот или му ги предал контролите на копилотот. 18 патници биле принудени да го чекаат вториот лет во Алгарве.

Во април, полн авион на easyJet, кој од Лондон одеше за Агадир во Мароко, мораше да секршне за Фаро, пренесува Сан.

Според локалните медиуми, пренасочувањето тогаш било резултат на болест на пилотот и довело до идентичен црвен аларм.

„Капетанот изврши рутинско слетување во согласност со стандардните оперативни процедури, а авионот го пречека медицинската служба по пристигнувањето во Фаро.

„Договорена е промена на екипажот и патниците го продолжиле патувањето до Агадир. Се извинуваме за непријатностите предизвикани од пренасочувањето и доцнењето како резултат. Безбедноста и благосостојбата на патниците и членовите на екипажот е највисок приоритет на easyJet“, велат од авиокомпанијата.