Кошаркарите на Црвена звезда успеаја да се вратат од минус 16, но не успеаја да победат во дуелот против Валенсија (85:81), на гости, во рамки на Евролигата.

Имено, домаќинот водеше со 36:20 во втората четвртина, но второто полувреме му припадна на белградскиот тим (47:30), кој во финишот израмни на 81:81, но не успеа да дојде до триумф.

Во клучните моменти, Нејпир и Теодосиќ имаа големи промашувања при шут од далечина, Теодосиќ не искористи и еден влез кон противничкиот кош, и тоа скапо го чинеше неговиот тим.

Резултати: Асвел – Макаби 91:94, Басконија – Фенербахче 80:79, Виртус – Барселона 80:75.