Хирург во германска болница доби отказ:Побарал помош од хигиеничарка при ампутација на прст на пациент

175
Обично таква рутинска процедура може докторот да ја направи сам, меѓутоа хирургот избрал да побара помош од хигиеничарот и покрај тоа што операцијата се одвивала попладне во медицинска установа преполна со доктори.
Пациентот кој бил подложен на операција со локалана анестезија, станал немирен додека хирургот се подготвувал да му го отстрани малиот прст.
Бидејќи прстите му станале немирни, хирургот, ја повикал хигиеничарката, млада жена, да им помогне додека хирургот се подготвувал да го отстрани прстот. Жената немала никаква медицинска обука.
Операцијата требало да ја изведат два доктора, меѓутоа еден од нив бил повикан на итна интервенција како помош на друг колега.
Извршниот директор на болницата Норберт Фајфер рече за Алгемајне цајтунг дека хирургот одлучил да продолжи со прилично рутинска процедура и покрај тоа што немал адекватна поддржка кога не му бил достапен квалификуан асистент.
Но, наместо хиругот да се извлече со лукаво решение, хигиеничар е забележан во опеационата сала со крвави завои од гази во рацете.

За нештата да бидат уште полоши, хирургот и хигиеничарката ги фатил на дело никој друг туку еден од директорите на болницата. Фајфер нагласил дека универзитетската болница длабоко жали поради „поединечното лошо однесување и неуспех на специјалист и виш доктор“.

„Тоа не требало да се случи“, рече тој, пред да потврди дека на докторот специјалист му е раскинат договорот за работа по судењето пред судот за работа.

Фајфер оттогаш ја уверуваше јавноста дека Универзитетскста медицина во Мајнц е многу посветена на безбедноста на пациентите, со речиси 700.000 паценти кои се лечат во оваа установа секоја година. Пацентот не е повреден на каков било начин, облик или форма, нагласи Фајфер.