Хаос во парламентот во Албанија:Во знак на протест, опозицискиот лидер употреби црвен чад и палеше хартија/ВИДЕО

87
Фото:скриншот/видео Х
По сопствено убедување, Сали Бериша одлучи да ја попречува секоја седница на ова законодавно тело. Овој пат, се одлучи да пали факели и хартија, што предизвика вистински хаос во салата.
За да покаже дека е сериозен во науменото, Бериша одлучи да ја прекине седницата веќе по пет секунди од почетокот, и на тој начи не им дозволи на колегите да го усвојат Буџетот за 2024 година.

 При сето горенаведено, опозицијата направи барикади во салата со столчиња, а власта одговори со испраќање обезбедување на Бериш, кој се обиде да дојде до говорницата.

На оваа седница требаше да учествува и албанскиот премиер Еди Рама, а Бериша го обвини него и остатокот од владата дека поддржуваат криминалци.