ФОТО: Џорџина покажа како изгледа приватниот авион на Роналдо

612

Џорџина Родригез на Инстаграм објави серија фотографии на кои ја покажа внатрешноста на приватниот авион со кој патува со Кристијано Роналдо и нивните деца.

На фотографиите кои собраа речиси 3 милиони лајкови, Џорџина спремно позира пред авионот, а потоа и на коженото седиште во авионот. Вереницата на Роналдо го покажа луксузот во кој ужива, а на крајот од галеријата објави фотографии на кои покажа како после летот се префрлила на глисер за да ужива со семејството.

Да потсетиме, откако почнаа гласини за проблеми во нивната врска, Џорџина летово објави бројни фотографии на кои покажа како ужива на јахта во друштво на својот вереник и семејството.