Во моментот нема вакцина против коронавирус, но на нејзин развој работат неколку компании. Францускиот институт „Pasteur“(Пастер) денес објави дека формирал тим кој за 20 месеци ќе развие вакцина против коронавирусот.
САД, Јапонија и другите земји воведоа ограничувања за патувањето во Кина, извор на епидемијата, додека фармацевтските компании се обидуваат да најдат лек за вирусот од кој што досега се инфицирани 10.000 луѓе и предизвика прогласување глобален итен случај.
Кристоф Д` Енферт, научен директор на Институтот Пастер, изјави пред новинарите во Париз дека вакцината може да биде достапна за 20 месеци „ако се оди добро“.
„На крајот на август, би можеле да започнеме клинички испитувања и, ако се оди добро, ќе ја добиеме вакцината во рок од 20 месеци“, рече тој.