ФОНД ЗА ПИОМ: Советодавни денови со германски носител на социјално осигурување

75

Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија, на кои сите заинтересирани лица преку индивидуален разговор може да добијат информации во врска со германското и македонско пензиско право.

На 29 и 30 ноември 2023 година, во Фондот на ПИОМ, се одржуваат советодавни денови помеѓу претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Германскиот носител за социјално осигурување.

Денеска советодавните денови се одржуваат во Скопје, во Стручната служба -Централа, додека утре, на 30 ноември, ќе продолжат во Филијалата на Фондот во Гостивар.