Програмата на „Фондација Новак Ѓоковиќ“, „На патот на шампионот“ се проширува низ регионот. По седум исклучително интересни и посетени настани ширум Србија и презентациите во рамки на Експо 2020 во Дубаи и Загреб во ноември минатата година, третото меѓународно издание ќе биде јавната панел-дискусија со работен наслов „Чиста мотивација“ која ќе се одржи на 11. февруари од 17 часот, во хотел „Holiday Inn“ во Скопје. Оваа програма е посветена на помагање на родителите и тренерите на идните спортисти.
На панел дискусијата ќе се претстават еминентни учесници –најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, кардиохирургот и алпинист Проф. д-р Сашко Кедев и репрезентативката во карате Пулексенија Јовановска. Домаќин и модератор на дискусијата ќе биде авторката на програмата „На патот на шампионот“ Ана Јовановиќ.
“Ни претставува чест што за првпат организираме панел-дискусија во рамки на програмата „На патот на Шампионот” во гордата, спортска нација како што е македонската, блиска по срце на сите во „Фондација Новак Ѓоковиќ“. Во четвртата година од реализацијата на активностите во рамки на програмата, која низ девет инспиративни панел-дискусии беше домаќин на еминентни експерти од светот на спортот, среќни сме што во Скопје ќе имаме можност да разговараме за мотивацијата со извонредни соговорници, вели Ана Јовановиќ, авторот на програмата „На патот на Шампионот“.
„Фондација Новак Ѓоковиќ“ е основана во 2007 година како организација која вложува во предучилишното образование во Србија. Работата на Фондацијата се темели на верувањето дека предучилишното образование може да го промени животот на децата и целата заедница. Оваа цел е постигнува преку креирање на најквалитетни програми во кои 2.237 воспитувачи и наставници имале можност за усовршување. Преку програмите за поддршка, „Фондација Новак Ѓоковиќ“ до сега изградила, реконструирала или опремила 58 градинки и помогнала на повеќе од 8.670 родители и влијаела на развојот на преку 54.000 деца ширум Србија. Во рамки на 15-годишната работа, преку реализација на проектите, Фондацијата континуирано се развивала и унапредувала. Исто така, Фондацијата се залага за носење на светски истакнати експерти од областа на родителството и раниот развој, во Србија и земјите од регионот.