Филм: „Лоши момци: Засекогаш“ – со Вил Смит и Мартин Лоренс

291

„Лоши момци: Засекогаш“ е насловот на најновото, трето продолжение на филмот Bad Boys од 1995, а во кое главните улоги ги имаат Вил Смит и Мартин Лоренс.

Некогаш неразделните Маркус Барнет и Мајк Лаури, сега се наоѓаат на различни места во животот – Маркус е полициски инспектор, а Мајк поминува низ средовечна криза. Додека се соочува со своите проблеми, Мајк е назначен да го води новиот оддел – АММО, составен од млади момци и девојки – луѓе со кои нема ништо заедничко. Мајк и Маркус повторно се спојуваат кога шефот на мафијата Романски, чиј брат го убиле пред неколку години, им приредува одмазда баш кога и двајцата решаваат да се пензионираат.

Американската акција-комедија е во режија на Адил Ел Арби и Билал Фалах, а освен Вил Смит и Мартин Лоренс, улогите ги толкуваат Венеса Хаџенс, Александар Лудвиг, Џо Пантолиано…