Филм: “Куќата што ја изгради Џек” – за сериски убиства

114

“Куќата што ја изгради Џек” е криминалистичката драма/ хорор во режија на Ларс фон Трир, која македонската публика наскоро ќе има можност да ја види во градските кина.

Во него се прикажува интелигентниот Џек во временски период од 12 години и неговите убиствата што го дефинираат неговиот развој како сериски убиец во 1970-тите во САД. Приказната се доживува од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема се поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело.

“Куќата што ја изгради Џек” е мрачна и зла приказна, која е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

Улогите ги толкуваат: Мет Диллон, Ума Турман, Бруно Ганц.