Детскиот културен центар – „Карпош“ викендов трета година по ред го реализира Фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти под наслов „Инструментите на моите предци“, кој е под покровителство на Град Скопје.
-Целта е на уникатен и единствен начин да се запознаат учесниците со етно приказните на различни култури, како и запознавање со сличностите и различностите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел, вели директорката Билјана Лалчевска Серафимовска.
Преку звукот на народните инструменти, додава, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.