Мануел Фелер е победник во слаломската трка во рамки на Светскиот куп што се одржа во Палисадес Тахо, ски-центар во Колорадо. Австриецот беше трет по првата трка, но благодарение на доброто второ возење, на крајот победи со време од 1:42.08.
Французинот Клемент Ноел заврши на второто место со заостанување од 28 стотинки, додека Германецот Линус Штрасер ја мина целта на третото место, водејќи по првата трка. Во поредокот за слалом убедливо води Фелер со 590 бодови, пред Штрасер кој има 386 бодови.
Марко Одермат е лидер во генералниот поредок со 1702 бодови, дури 901 бод повеќе од Фелер. Инаку, Одермат веќе го обезбеди големиот Кристален глобус, втора година по ред.