Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи, денеска повторно ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19, со каква било вакцина што им е достапна, вклучувајќи ја и штотуку одобрената на компанија „Џонсон и Џонсон“.
– Сите три се навистина добри и луѓето треба да се вакцинираат со онаа што им е најдостапна, рече Фаучи.
– Ако одите и ја имате на располагање вакцината на Џонсон и Џонсон – јас би се вакцинирал, изјави Фаучи за програмата Мит д Прес на Ен Би Си.
Во САД се одобрени вакцините Фајзер/Бионтек, Модерна и Џонсон и Џонсон.
Извор:МИА