Ракометниот репрезентативец на Исланд, Кристијан Кристијансон, кој моментално го носи дресот на францускиот суперлигаш Екс ан Прованс, одлучи да паузира одреден временски период, бидејќи има сиптоми на стрес.

Пред извесен период, поради истата причина, од ракометните терени се повлече Микаел Хансен. Еден од најдобрите ракометари на светот исто како и Кристијансон ќе паузира на неодредено време.

Исландскиот ракометар изјави дека за оваа одлука се советувал со психолог и со медицински персонал. По направените консултации, тој одлучил да се посвети на своето здравје и не се знае точно кога ќе се врати на ракометните терени.

Кристијансон со репрезентацијата на Исланд на Светското првенство кое минатиот месец се одржуваше во Полска и Шведска го освои 12 место.