УНИЦЕФ: Уништени две третини од домовите во Газа/видео

47

„Ги гледаш урнатините. И јас ги гледам до каде што ми гледа окото. Но, семејството гледа каков е нивниот дом“, рече портпаролот на NICEF, Џејмс Елдер во видеото објавено на социјалната мрежа X додека шеташе низ уништената инфраструктура во Газа.

На глобално ниво, желбата на родителите е да им обезбедат на своите деца подобар дом, сон кој се претвори во „кошмар“ во опколениот појас, рече Елдер.

„Како овие луѓе почнуваат одново? прашува тој во видеото.