На социјалните мрежи е објавено потресно видео од Украина, од моментот кога еден татко морал да се раздели со ќерката и сопругата, кои се упатиле во безбедна зона, а тој останал да и служи на својата земја.
На видеото се гледа како овој маж од Украина се скрши додека ја гушка својата ќерка и и става капа на главата.
Ќерката и мајката потоа во солзи се качуваат во автобусот, кој оди во безбедна зона додека таткото го испраќа семејството во солзи.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram