Украинец им продавал отров на самоубијци во Британија

72
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Украинецот кој продавал отров поврзан со најмалку 130 смртни случаи во Велика Британија е идентификуван како Леонид Закутенко, откри истрагата на Би-Би-Си.

Тој ги рекламирал своите услуги на веб-страница која промовира самоубиство, а на новинарот на Би-Би-Си, кој му се претставил лажно, му рекол дека испраќа пет пакувања со отров во Британија неделно.

Тој ја испраќал истата токсична супстанца како и Канаѓанецот Кенет Лоу, кој беше уапсен минатата година и сега се соочува со 14 точки од обвинението за убиство.

Закутенко, кој живее во Киев, ги отфрли тврдењата на Би-Би-Си. Новинарите дојдоа кај него во неговата куќа. Тој негираше дека продавал каква било смртоносна супстанција, што британскиот јавен сервис не сака да го открие.

Сепак, Би-Би-Си истакнува дека нивната истрага покажала дека тој со години испраќал отров во Британија.

Хемикалијата може да се купи легално во Британија, но само од луѓе кои ја користат за законски дозволени цели.

Продавачите не смеат да ја продаваат супстанцијата на купувачите, освен ако не направиле основна проверка за што се користи, што може да биде фатално ако се внесе дури и во мали дози.