УЗ „Дане Крапчев“ станува културно-социјален простор „Јадро“

122

Урбаната заедница на општина Центар „Дане Крапчев“, наскоро ќе почне да функционира и како Културно-социјален простор, откако со претходна одлука на Советот, општината им го отстапи на користење на Асоцијацијата на независната културна сцена – „Јадро“. Со монтирањето на климатизерите и целосната реконструкцијата на тоалетот, ќе завршат и последните градежни активности во КСП „Јадро“.

– Една од главните функции на КСП „Јадро“ е да го нуди својот простор бесплатно за програмите на независната културна сцена, но и на поширокиот граѓански сектор. Просторот и установата ќе функционираат како отворена платформа за уметнички организации, асоцијации, неформални групи и поединци кои ќе можат да ги користат ресурсите на овој центар, пред сè за да ги развиваат своите идеи од областа на културата – велат од Општина Центар.

Во просториите на Урбаната заедница „Дане Крапчев“ ќе продолжи со функционирање и локалниот пензионерски клуб.