Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) извести дека неколку членови на семејството на петгодишното девојче, кое на 27 јануари било пронајдено мртво во контејнер за ѓубре, се уапсени во Манби, Сирија.
Девојчето било брутално мачено пред да биде убиено со остар предмет. Според активистите, убијците се нејзините родители. Се верува дека станува збор за убиство со религиозна мотивација „од чест“, бидејќи девојчето било силувано.
Порталот Сиријарх пишува дека минатата година регионот го потресоа низа слични „убиства за чест“ во кои силуваните девојчиња биле брутално мачени и убивани од членови на нивните семејства. Некои од нив имале само три години, објави Дејли мејл