Убил девојка затоа што паркирала пред неговата куќа, осуден е на најмалку 25 години затвор

297

Кевих Монахан, 66-годишникот кој уби жена затоа што таа по грешка се паркирала пред неговиот дом во државата Њујорк, е осуден на најмалку 25 години затвор до доживотен затвор.

Монахан беше осуден за убиство на 20-годишната Кејлин Гилис во април 2023. Таа случајно се затекнала на паркингот пред куќата на Монахан, барајќи друга куќа во градот Хеброн, каде што се одржуваше забава, пишува Гласот на Америка.

„Важно е луѓето да знаат дека не е во ред да се убиваат луѓе само затоа што се паркирале на нивниот паркинг“, рече судијата Адан Мишелини, додавајќи дека е важно Монахан да остане зад решетки за да не им наштети на другите луѓе.

Судијата додаде уште четири години на таа казна поради обидот на Монахан да го скрие оружјето што го користел при убиството и истакна дека не покажал каење.

„Ја убивте Кејтлин Гилис. Пукавте во автомобил полн со луѓе и не ви беше грижа што се случи и постојано лажете за тоа. Ја заслужувате максималната затворска казна што ја предвидува законот“, рече судијата.

Смртта на Кејлин Гилис го привлече вниманието низ САД.

Таа била убиена додека била во автомобил паркиран пред куќата на Монахан со пријателите. Тој пукал и еден од куршумите го погодил во вратот. Таа седела на совозачкото седиште, а возел нејзиното момче.

Монахан тврдеше дека сето тоа било несреќен случај и дека пушката не работи како што треба. Тој кажа и дека во тој момент поверувал дека крадци упаднале во друга куќа и дека пукал за да предупреди група луѓе кои биле пред неговата куќа.

Обвинителството тврди дека Монахан е мотивиран од ирационален гнев против оние што ќе му се испречат на патот.

Поротата расправаше помалку од два часа и донесе пресуда.