Тухел може да го замени Лампард во Челзи

30

Томас Тухел би можел да биде новиот тренер на Челзи, објави „Билд“. ПСЖ пред два дена ја прекина соработката со германскиот фудбалски стручњак кој се врати во татковината.

Раководството на Челзи во скоро време може да го отпушти Лампард по неколкуте слаби резултати во серија. Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, имаше преговори со Тухел, уште кога тој работеше во Борусија од Дортмунд.

„Сините“ во понеделникот одиграа 1:1 со Астон Вила. По 16 натпревари, Челзи собра 26 бода во Премиер лигата и е надвор од зоната на Лигата на шампионите.