Туристите затекнати во Париз, гневни: Ајфеловата кула и денеска е затворена поради штрајкот

75
Ајфеловата кула останува затворена и денес, втор ден по ред, поради штрајкот на вработените кои се борат за поголеми плати и за друг начин на раководење со најпознатата туристичка атракција во Париз.

Градската опшитна на Париз, главниот акционер на компанијата која раководи со Ајфеловата кула, „засега одбива да преговара“, изјави за АФП претставник на синдикатот кој ги застапува вработените.

Затворањето на главната атракцијана Париз предизвика фрустрација кај неколку илјади посетители, главно странци.

Пет месеци пред Олимписките игри во Париз кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август, синдикатите сакаат да го натераат градското собрание да го промени начин на раководење до Ајфеловата кула, но и да се зголемат платите на вработените и да ги усогласи со обемот на извршената работа.

Славната кула, позната и како „железната дама“ поради штрајкот беше затворена и на 27 декемвти минсѕсѕс хофинс, на денот на одбележувањето на 100 од смртта на нејзиниот креатор Гистав Ајфел.