Трагична сообраќајна несреќа во Мексико:15 лица загинаа, 47 се повредени откако се преврте автобус со туристи

53

Петнаесет лица загинаа, а 47 се повредени откако автобус со туристи се преврте на автопат во мексиканската држава Најарит во близина на брегот на Тихиот Океан на Мексико, соопштија денеска властите во таа земја.

АП наведува дека меѓу загинатите има најмалку четири деца.

Официјални лица во блиската држава Гуанахуато изјавија дека сите патници во автобусот биле од градот Леон во таа држава, а локалните медиуми наведуваат дека се враќале од градот Гваахитоса на плажата.

Американската агенција известува дека не е невообичаено големите групи луѓе да собираат пари за да изнајмат автобус за да ги превезат до одморалиштата на океанските плажи.

АП додава дека во минатото вакви несреќи се случувале во Мексико поради лошата состојба на изнајмените автобуси, лошите временски услови и условите на патиштата, како и пребрзото возење.