Европската ракометна федерација објави дека се официјализирани три кандидатури за домаќинството на женското ЕП 2026 година. Турција за првпат се кандидира и ги предложи градовите Анкара, Анталија и Истанбул за домаќини, со тоа што финалето би се играло во Истанбул во „Синан Ердем“ која има капацитет од 16.500 гледачи.

Чешка и Полска имаат заедничка кандидатура со три предложени домаќини – Брно од Чешка, како и Лубин и Катовице од Полска. Финалето е планирано да се игра во „Сподек Арена“ со капацитет од 11.016 гледачи. Романија и Словачка исто така имаат заедничка кандидатура со седум града домаќини. Клуж-Напока, Питешти, Крајова, Бистрица и Букурешт од Романија, како и Братислава и Кошице од Словачка. Финалето би се играло во „БТ Арена“ во Клуж со капацитет од 10.000 гледачи.