„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски салон 2024“ што ќе ја отвори Друштвото на ликовните уметници на Македонија в четврток (22 февруари) во 20:00 часот во Националната галерија – објект Чифте амам.

Ова е една од најзначајните групни изложби и претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.

Годинава селектор на делата е Оксана Карповец, кураторка од Украина, чиј концепт претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со темата во различни ликовни медиуми.

„Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз“, велат од ДЛУМ.

Изложбата ќе биде отворена наредните 14 дена.