Инфлуенсерка ја отпиша ќерка си од училиште – ТикТок заканата е ПОГОЛЕМА од што мислиме

273
Инстаграм

Една мајка откри дека ќе ја повлече својата 12-годишна ќерка од училиште за да можат и двете да се фокусираат на нивните кариери како инфлуенсери.

Мама Кат Кларк, од Голд Коуст во Квинсленд, има над пет милиони следбеници на „TikTok“ и е прогласена за креатор на годината на годишните награди за 2022 година, пренесува Ona.rs.

Оваа 37-годишна девојка го води популарниот австралиски подкаст „Basically Besties“ со ќерките Латиша (20) и Деја (12), за кои Кет има многу строги родителски правила.

„Традиционалното школување работеше за Деја во основно училиште бидејќи имав корпоративна работа. Имаше многу патувања откако влезе во оваа нова кариера. Често летам за Сиднеј. Деја дури почнува да добива можности, па од 9 до 15 часот, од понеделник до петок, таквото школување не ни оди“.

Кат рече дека Деја од следната година ќе започне со домашно школување.

„Сметаме дека тоа е најдобро за неа, само затоа што не сакаме да ги пропушти овие можности. „ТикТок“ одзема многу време“.

Мама рече дека Деја може да се врати на традиционалното школување за една година ако не и се допаѓа новиот начин на живот.

Нејзината втора ќерка, Латиша, завршила гимназија и на почетокот веднаш потоа се запишала на правниот факултет, но го напуштила шест месеци подоцна за да се занимава со подкаст.

„Да сакаше Деја да биде лекар или адвокат, ние би ја охрабриле да ги оствари тие соништа. Но, во моментов тоа не се нејзините цели. Подготвени сме да работиме со неа што и да се случи“, рекла мајката.

Кет откри и дека ги научила своите ќерки да бидат свои и да не се менуваат за никого.

И нивните следбеници имаа мислење на оваа тема.

„Со 100 проценти би му дозволил на моето дете да го напушти училиштето ако има насока и е доволно зрел“, рече еден татко.

„Го мразев училиштето и моите родители беа многу против тоа, ме натераа да завршам и бев на факултет еден семестар. Можноста повторно да се запишете како зрел студент е многу полесна и широко прифатена овие денови, доколку сте решиле дека сè уште сакате средно или високо образование“.

„Како наставник во средно училиште, мислам дека ова е сосема во ред! Зошто да го принудите детето да остане на училиште ако не е за него“, рекла една наставничка, пишува „Дејли мејл“.