На 7 март 2023 во 13.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во Медицински центар Кичево со тешки телесни повреди бил донесен С.П.(46) од Кичево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за градежна фирма на автопатот Кичево – Охрид.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево, а за настанот бил запознаен трудов инспектор, информираат од МВР.