Тетовец ја нападнал сопругата се заканувал на нивните деца и неговиот татко

51

Ноќеска околу 1 часот, полициски службенци на СВР Тетово го привеле 34-годишниот тетовец С.А., кој претходно бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, а се заканувал на нивните деца и неговиот татко.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.