Телото на Навални предадено на мајка му – кога и по кои обичаи ќе биде погребан, не се знае!

152
Фото: screenshot
Портпаролката на руската опозициска партија Кира Јармиш потврди дека телото на Алексеј Навални и е предадено на неговата мајка Људмила, но дека се уште не се знае дали властите ќе дозволат тој да биде погребан на начин како што заслужува.

Јармиш појасни дека не се знае дали властите ќе дозволат тој да биде погребан во согласност со прославените обичаи, според желбата на семејството.

Соработниците на Навални претходно рекоа дека властите се закануваат дека ќе го погребаат рускиот опозиционер во далечната затворска колонија каде што почина, доколку неговото семејство не се согласи со условот да нема јавен погреб.

Људмила Навалња претходно објави дека властите во Кремљ и го покажале телото на нејзиниот син, но дека и се заканиле дека „ќе направат нешто“ со телото доколку не се согласи на таен погреб, пренесе Политика.

Кира Јармиш исто така претходно изјави дека во медицинскиот извештај стои дека Навални починал од природна смрт. Руската Федерална казнено-поправна служба за округот Јамало-Ненец на 16 февруари наведе дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка, изгубил свест и неуспешно бил реанимиран. Навални, остар критичар на Кремљ, отслужуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото за наводно основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности.