Театар: “Волшебната флејта” – музичка бајка

247

“Волшебната флејта” по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Александар Ивановски е претставата која најмладата публика ќе може да ја види утре (31 јануари), со почеток од 19 часот, во Театарот за деца и младинци.

Според либретото на истоимената опера на В. А. Моцарт, драмскиот писател Русомир Богдановски напишал одличен драмски текст за деца. Текстот ги содржи сите елементи на една класична бајка, во која се судираат доброто и злото, а љубовта секогаш е посилна од сите лоши магии на сите зли волшебници.

Помеѓу љубовта на главните протагонисти Памина и Тамино се испречува омразата на лошиот волшебник, кој се што е живо го скаменува со своите зли магии. Тогаш Тамино тргнува да ја ослободи принцезата Памина грабнатата од лошиот волшебник.