Страотна железничка несреќа во Индија. Најмалку 50 луѓе загинаа, над 100 се повредени/ВИДЕО

143
Фото: screenshot

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 100 се повредени откако патнички воз излета од шините и се судри со товарен воз во индиската држава Одиша.

„Спасувачките операции се во тек на местото на несреќата, а на погодените им се дава секаква можна помош“, изјави индискиот премиер Нарендра Моди, а пренесе Ројтерс.

„Ова е тешка несреќа“, им рече на новинарите главниот секретар на Западен Бенгал.

Претставниците на Југоисточната железница, рекоа дека стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем.

Возот „Коромандел експрес“, кој сообраќа од Калкута до Ченај, излета од шините и заврши на спротивната пруга, а многу луѓе се уште се заробени, се вели во извештаите.

„Во моментов не можам да коментирам за деталите и информациите за жртвите. Бев во Делхи и брзав кон местото на несреќата“, изјави за Ројтерс Арчана Џоши, генерален директор на Југоисточна железница.

Таа изјави дека голем број повредени се пренесени во болници.

„Спасувачките екипи на железницата веќе стигнаа до локацијата. Во тек е помош и спасување“, додаде таа.