Столтенберг на балканската турнеја, утре доаѓа во Скопје

64

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа пристигна во Сараево од каде ја почнува западнобалканската турнеја, а во Скопје ќе допатува утре.

Во Сараево генералниот секретар се сретна со членовите на претседателството на Босна и Херцеговина. Утре попладне во Скопје тој ќе има средби со државниот врв а во среда е предвидено премиерот Ковачевски и Столтенберг да се сретнат со лидерите на 4 земји членки на НАТО од регионот-хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Словенија, Роберт Голоб и на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Пред Скопје Столтенберг ќе биде во Белград и Приштина.