EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари, ги сподели своите впечатоци по шестиот последователен пораз на својот тим. Тој истакна дека има голема тензија во соблекувалната, како и притисок за победа.

„Воините“ владееја во НБА одреден период, поради што секоја година очекувањата од нив се големи.

  • Мораме да го решиме проблемот пред да почне да се шири и да се развива менталитетот на губитници. Тешко е. Страшно е кога губиш натпревари каде било, особено дома. Има различни предизвици за нас оваа сезона и ќе мораме да се издигнеме и да бидеме рамноправни со другите во текот на сезоната. Сите мразиме кога го гледаме тој ефект во поредокот, но тоа не значи дека не можеме да ги свртиме работите – истакна Кари.