На традиционалното 23. издание на Балканска смотра на млади стрип автори, што се одржа од 25 до 27 јуни во Лесковац, Србија, првото место го освои Стефан Николовски млад стрип автор од Скопје. Наградата за прво место ја освои во конкуренција со 2017 пријави автори од 80 земји во светот, меѓу кои и над 50 македонски автори со свои стрипови.

СЦМ-Велес и годинава ги координира активностите на младите македонски стрип автори и им помага на младите стрип автори од земјава за нивна афирмација во земјава и светот. Томе Трајков, програмски координатор на СЦМ-Велес во изјава за МИА, потенцира дека оваа награда на младиот македонски стрип автор Стефан Николовски е значајна и е уште една потврда за квалитетот на македонските стрип автори кои се повеќе се успешни со свои стрипови на многу стрип натпревари и се повеќе се пробиваат на врвот во стрипот па и во светски рамки.

–Талентот на македонските стрип автори повторно се докажа и оваа година , бидејки младиот автор Стефан Николовски е прогласен за најдобар млад автор,потенцира Трајков. Воедно, тој информира дека Македонската стрип сцена на оваа смотра била достојно презентирана и преку предавањето за македонскиот стрип од страна на Ване Трајков, извршен директор на СЦМ-Велес и Стојче Тоциновски,визуелен уметник. На 23. издание на Балканската стрип смотра во Лесковац,Србија се одржаа и активнисти во склоп на проектот CAN FOR BALKANS, како и промоции на стрип сцени и изданија од балканските ѕемји, како и засебни изложби на Корејската стрип сцена и Женскиот стрип на Балканот. Настанот го организираше Лесковачката стрип школа „Никола Митровиќ Кокан“.