По обновата на договорите со тренерот Дарко Радуловиќ и играчите Бојан Крстевски и Адем Мекиќ, актуелниот шампион во домашното кошаркарско првенство, екипата на МЗТ Скопје, се пофали со уште едно име во своите редови.

За тимот од Аеродром потпиша минатогодишниот играч на Кумановио и член на македонската репрезентација, Дамјан Робев (24 години). Тој во новата средина ќе игра со уште неколку репрезентативни колеги, како Крстевски, Мекиќ и Стојановски, а пред нов потпис, односно обнова на договорите, се и Кристијан Николов и Андреј Магдевски.

МЗТ Скопје во новата сезона ги брани двете титули во домашното првенство, а воедно ќе се обиде да обезбеди пласман во Првата АБА лига, по неколкуте обиди изминатите сезони во второто по ранг регионално натпреварување.