Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека предмет на анализа е дали СДСМ на претстојните парламентарни избори ќе оди самостојно со своите традиционални партнери или во коалиција и со ДУИ и Алијанса за Албанците.
„Сепак, треба да се направат добри анализи од аспект на емпириски студии што би значело тоа. Второ, во однос на усогласеност на програми, усогласенот на вредности и трето, во однос на усогласеност на кадровската понуда што би одела во една таква ситуација. Така што, во овој момент многу е тешко да се даде точен, прецизен одговор за тоа која опција би била реална. Меѓутоа, јас опциите не ги отфрлам, но мора да бидат анализирани“, рече Ковачевски.
Ковачевски потврди дека тој ќе се кандидира на изборите и тоа во изборната единица еден.
„СДСМ и коалицијата ќе победи на избори, затоа што од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата.