Србија: Од 1 јануари цигари со самогасива хартија

284

Сите цигари пласирани на српскиот пазар од 1 јануари идната година ќе мора да се произведуваат со самогасива хартија, соопшти српското Министерство за економија.

„Цигарите кои не ги исполнуваат условите од новите стандарди може да се најдат во продавниците на мало до истекот на залихите само доколку се купени пред тој датум, што продавачите на нејзино барање ќе го докажат на пазарната инспекција“, велат од Министерството.

Правилникот за утврдување на листата на српски стандарди од областа на општата безбедност на производите беше ажуриран во 2021 година и за прв пат ги опфати стандардите поврзани со хартијата за цигари, а Министерството за економија соработуваше со тутунските компании при неговата подготовка.

Со измената на барањата за производителите и увозниците на тутунски производи се потврдува примената на референтната листа на усогласени европски стандарди од областа на општата безбедност на производите содржана во овој правилник, како и примената на референтната листа на соодветни усогласени стандарди на Европската комисија објавена во Службениот весник на Европската унија во 2020 година.