Спортска сала во училиштето во Хром и градинка во населбата Даме Груев

700

Изградба на спортска сала во училиштето во Хром, 42 милиони денари за реконструкција на улици и проектирање нова детска градинка во населбата Даме Груев се новите развојни проекти во општина Ѓорче Петров. За нив зелено светло на денешната седница даде Советот на Општина Ѓорче Петров.

Од Општина Ѓорче Петров, соопштија дека на седницата се разгледале и изгласале проектите „Пешачка патека со улично осветлување” од Волково до Орман во должина од 2 километри, како и ново улично осветлување на улица „Радушка”.

Исто така, во план се и реализација на нови јавни повици во спортот и културата кои на транспарентен начин ќе донесат нови проекти за сите ѓорчепетровци.

– Ова е правилната насока по која се движиме и работиме исклучиво за јавното добро. Ништо нема да не поколеба по патот на чесноста и домаќинското работење се до конечно урбанизирање на Ѓорче Петров – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.